Неидентификуван дрон за малку ќе се судрел со еден „ербас А320“ што се подготвувал да атерира на аеродромот „Шарл де Гол – Роаси“, јави дописникот на МИА од Париз. Инцидентот се случил на 19 февруари, но беше обелодент вчеравечер од Бирото за истраги и анализи (БЕА) на француската цивилна авијација.
Дронот бил на само пет метри од левото крило на авионот, на 1.600 метра височина. Во тој момент авионот што летал на релација Барселона-Париз, летал со брзина од 400 км/час и за да го избегне судирот пилотот го исклучил автоматскиот пилот и рачно управувајќи успеал да го избегне дронот. Екипажот веднаш ја информирал контролата на летањето и продлжил со спуштањето. БЕА зборува за сериозен инцидент, но не кажува за каков дрон станува збор, ниту за неговата големина, ниту колкупатници имало во авионот. Еден А320 може да превезува 160 патници.
Но и покрај забраната пилотите на редовните авионски линии сигнализираа повеќе инциденти, според некои проценки досега биле забележани околу 200 посериозни инциденти меѓу цивилни авиони и дронови.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.