Новиот менаџер на Манчестер Сити, Пеп Гвардиола кој ќе ја преземе функцијата во богатиот англиски клуб по завршувањето на оваа сезона, почнува да го составува тимот за следната сезона.
Една од главните ѕвезди во тимот на Баерн Минхен, голманот Мануел Нојер би можел да се тргне заедно во неговиот ментор во правец на Манчестер.
„Мирор“ пишува, дека „граѓаните“ се подготвени да му понудат неверојатна плата од 300.000 фунти неделно на германскиот чувар на мрежата. Засега нема информација колку англискиот тим би платил за услугите на Нојер, знаејќи дека Баерн Минхен нема така лесно да се согласи да го продаде својот голман. Тоа значи дека првиот голман на „граѓаните“ и фудбалската репрезентација на Англија, Џо Харт, ќе мора да си бара нова средина.
Гвардиола инсистира на Нојер, најмногу поради тоа што тој одлично се вклопува во неговата фудбалска филозофија и тактика. Познато е дека Нојер освен што е одличен на голот, тој добро се снаоѓа и со топката во поле, па многу често знае да стои на 20 метри од голот и да ги проигрува своите соиграчи.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.