| четврток, 6 декември 2018 |

Промовирано првото мени на Брајово писмо

Првото мени испечатено на Брајово писмо изработено за потребите на слепите лица, на иницијатива на Црвен крст, а со поддршка на Министерството за труд и социјална политика и Училиштето за лица со оштетен вид „Димитар Влахов“, денеска беше промовирано во Скопје.

meni-brajovo-pismo04

– Менито на Брајово писмо претставува една револуционерна активност. На ваков начин и со вакви конкретни активности ние не само што ги исполнуваме обврските на РМ кон имплементација на Конвенцијата за правата на лицата со посебни потреби, туку навистина помагаме на една категорија на граѓани кои имаат идентични секојдневни потреби како и сите други граѓани во Македонија, но имаат исклучителен проблем што не гледаат – изјави Спиро Ристовски, министерот за труд и социјлна политика.

meni-brajovo-pismo05

Коце Димов, член при Сојузот на слепи лица, се заблагодари за оваа иницијатива, која, како што рече, ќе им помогне на овие лица да ги надминат секојдневните бариери со кои се соочуваат. Покрај ресторанот „Пелистер“, кој е пионер во оваа област, изрази надеж дека и други ресторани ќе го следат примерот.

– Ова ќе значи информација плус. Не морате никого да прашувате што има на менито, туку тоа ќе може да го направите сам. Тоа ќе ја олесни и работата на луѓето во рестораните, со што ќе можете многу лесно, брзо и едноставно да порачате од менито – рече Димов.

фото: Игор Ангеловски

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top