Три лица ќе добијат кривични пријави во врска со физичкиот напад врз Тодор Петров во угостителскиот објект „Казабланка“, соопшти МВР.
Денеска во полициската станица „Бит-пазар“ беа повикани лицата Ќ.M (64), Е.Б. (55), А.А. (53), И.Г. (52) и Б.А. (41), Е.Б. (32), А.Е.(37), Б.Љ. (28) и Х.А. (34) сите од Скопје. На поканата не се јавија само А.Б. и И.Г. Во извршените разговори со лицата, истите изјавија дека на 27 февруари 2016 година биле присутни во угостителскиот објект, каде што се случи кривично-правниот настан, соопшти МВР.
Истиот ден во полициската станица „Бит-пазар“ во присуство на јавен oбвинител било извршено соочување меѓу оштетениот и лицата Е.Б. (32), А. Е. (37), Б.Љ. (28) и Х.А. (34). При тоа, од страна на оштетениот лицата Е.Б. и А.Е. се посочени како лица што биле во групата која физички го нападнала на 27/02/2016 година во угостителскиот објект „Казабланка“ заедно со лицето А.Б.
По извршените консултации со јавен обвинител, Единицата за насилен криминал, во текот на денот, ќе поднесе кривична пријава против Е.Б. А.Е. и А.Б. поради основано соменвање дека се сторители на кривично дело „насилство“ предвидено и казниво по член 386 од КЗ. Исто така, по дадена насока од ЈО двајца се лишени од слобода, па ослободени со обврска во текот на утрешниот ден да се јават кај ЈО.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Поврзани вести
-
Петров: Одлуката на Уставниот суд ќе го зацврсти ставот за бојкотирање
-
Тодор Петров: Владата и Собранието ќе одлежат доживотно во Идризово!
-
Тодор Петров: Заев одработи за бугарскиот и грчкиот идентитет на Македонија, Македонците треба да одработат Заев да заврши во Идризово за велепредавство
-
Тодор Петров му запали свеќа на Ќосето