Премиерлигашот Челси планира големи кадровски промени во својот состав по завршувањето на сезоната. Тимот од Лондон е заинтересиран за доведување на Пол Погба, а „сините“ се подготвени да го понудат Немања Матиќ плус одредена сума на пари, со цел да ги обезбедат услугите на играчот на Јувентус. Согласно шпекулациите, Челси е подготвен покрај Матиќ да понуди плус уште 12 милиони евра за добивање на Погба.
Матиќ не игра добро оваа сезона, иако минатата беше еден од најдобрите фудбалери на лондонскиот клуб, и многу е веројатно дека ќе ја промени средината по завршувањето на сезоната. И Јувентус пред некое време покажа интерес за ангажман на Матиќ во своите редови, и од оваа ситуација, и двата клуба би можеле да се договорат за евентуален трансфер на Матиќ и Погба.
Освен Челси, за Погба огромен интерес постои уште од неколку европски гиганти, меѓу кои се и Барселона и Реал Мадрид.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.