Во Македонската опера и балет вечер ќе биде изведена балетската претстава „Дамата со камелии“, на музика од Џузепе Верди, под диригентство на Иван Еминовиќ. Во главните улоги настапуваат Марија Кичевска Шокаровска и Васил Чичијашвили, придружувани од солисти, балетскиот ансамбл и оркестарот на МОБ. Кореографијата е на гостинот од Русија Василиј Медведев, а за костимите и сценографијата се погрижи Павол Јураш, гостин од Словачка. Почетокот на балетската претстава „Дамата со камелии“ е во 20 часот.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.