Американската телевизиска куќа „Еј-Би-Си“ работи на римејк на култниот филм „Валкан танц“.
Актерите што ќе ги заменат неповторливите Патрик Свејзи и Џенифер Греј веќе се одбрани.
Главната улога на Џони Кесл му е доделена на танчарот Колт Претс, најпознат по видеоспотот за песната „Try“ на Пинк.
Во улогата на Бејби ќе ја гледаме младата актерка Абигејл Бреслин, најпозната по улогата во филмот „Little miss sunshine“, кај нас преведен како „Малата мис Америка“.
Актерката од популарната серија „Современо семејство“, Сара Хајланд, ќе ја глуми сестрата на Бејби, Лиса Хаусман, која во оригиналниот филм ја играше актерката Џејн Бракер.
Пени, пријателката на Џони, која во филмот останува трудна, во оригиналниот филм ја глумеше Синтија Родес, додека во римејкот таа улога ѝ припадна на Никол Шерцингер.
Дебра Месинг од популарната серија „Вил и Грејс“ ќе ја глуми мајката на Бејби, Марџори, која во оригиналната верзија ја глумеше Кели Бишоп, а сè уште не е познато кој ќе го игра нејзиниот сопруг.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.