Неговото име е Колт Пратес и ќе го глуми Џони во телевизискиот римејк на „Валкан танц“.
Актерот го привлече вниманието со своето мускулесто тело кога се појави во спотот на Пинк за песната „Трај“.
Филмот ќе трае три часа, а партнерка на Колт ќе му биде Абигејл Бреслин која ќе ја толкува улогата на Бејб. Во оригиналот од 1987 година неа ја глумеше Џенифер Греј. Мајката на Бејб ќе ја глуми Дебра Месинг.
Освен со Пинк, Колт соработувал и со музичарите како што се Ашер, Тревис Три и Ник Џонас. Има искуство и на Бродвеј, а освен што е актер тој умее да пее и танцува. Женет е и активен член е на една танцова група од Њујорк.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.