Дел од американските медиуми се навратија на последните денови на починатата ѕвезда Патрик Свејзи, чиј што живот по долгата борба со канцерот заврши во 2009-тата година. Неколку блиски пријатели на починатиот Патрик Свејзи проговориле за годините пред смртта на актерот. Рекле дека Патрик живеел во „свој личен пекол“ со лошата и непресметлива сопруга.
Блиските пријатели на Патрик Свејзи тврдат дека вдовицата Лиза Ниеми (60) била вистинско олицетворение на злото.
– Патрик, кој поради нејзинта немарност спадна на само 40 килограми, никој не смееше да го посети. И неговата почината мајка ја бркаше од куќата – рекол пријател.
Тој додал дека Патрик, кој умре во 2009 годин од рак на панкреасот, бил навредуван, тепан и изневеруван и со жени и со мажи од Лиза, а таа го држела и во домашен притвор.
– Дон, помладиот брат на Патрик, се грижеше за него кога можеше. Но, кога не беше во градот, Патрик и беше препуштен на Лиза, таа го напушташе и не се грижеше за него. Дон, кога се враќал од пат, Патрик го наоѓал како лежи во сопствената урин и фекалии – раскажал пријателот на Патрик за американскиот портал „Радар онлајн“.
Друг извор за истиот портал тврди дека Лиза со години управувала со парите на Патрик и му наредувала кои улоги да ги прифати, а кои не.
Патрик Свејзи наводно страдал и останал со неа во брак бидејќи таа ја знаела тајната која можела да му ги уништи кариерата и семејството.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.