По повод светскиот ден на Жената, во вторник, на 8 Март, со почеток во 20 часот, Македонската опера и балет приредува концерт со симболичен наслов
„За дамата…“
Гала вечер со кавалерите на МОБ!
За концертот е подготвена специјална програма, составена од популарни арии и наполитански канцони кои ќе бидат изведени од „кавалерите-солисти“ на Македонската опера и балет. Покрај оркестарот на МОБ, ќе настапи и машкиот хор заедно со солистите Борис Трајанов и Марјан Јованоски (баритони), Зоран Сотиров и Марјан Николовски (тенори), Владимир Саздовски (бас) и „Трио Џентлмени“. По исклучителната изведба на сценската кантата „Кармина Бурана“, оркестарот повторно ќе го предводи младиот диригент Иван Еминовиќ, а со неколку изненадувања вечерта ќе ја збогати режисерот Дејан Прошев.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.