Како Арсен Венгер да нема доволно проблеми со очајната форма на својата екипа во клучниот дел од сезоната, па мораше да остане и без својот прв чувар на мрежата, Петр Чех. Чешкиот интернационалец се повреди навистина бизарно, кога во 95. минута тргна во шеснаесетник Свонси да помогне во нападот, па трчајќи назад кон својот гол лошо го истегнал мускулот, по што сега му следи пауза од терените.
– Чех се повреди, станува збор за проблем со мускулот. Едно е сигурно, нема да брани против Тотенхем, а во меѓувреме ќе дознаеме повеќе детали околу повредата – разочарано изјави Венгер, додавајќи дека „не е расположен да разговара за титулата“.
Покрај Чех, повреден е и најдобриот дефанзивец на „топчиите“, Лорен Кошиелни, кој исто така ќе го пропушти лондонското дерби со Тотенхем.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.