| четврток, 6 декември 2018 |

Клиперс се вратија од 22 поени негатива, Сан Антонио веќе сега е во плејофот (видео)

kris pol

НБА тимовите ЛА Клиперс и Оклахома го одиграа дербито на вечерва во богата НБА програма од 11 натпревари.
Клиперс беше пред пораз на осум минути до крајот бидејќи имаше 16 поени негатива, но со извонредна серија од 26-5 стигнаа до триумфот од 103-98 против Оклахома на домашен терен.

Оклахома имаше и 22 поени предност, но успеа се да прокоцка во последниот период. Клиперси ги предводеше Пол со 21 поен и 13 асистенции, додека Деандре Џордан дополни со 20 поени и 18 скока. Џеј Џеј Редик постигна 16 поени, а Џамал Крофор д- 12 поени.

Најдобар во редовите на Оклахома беше Кевин Дурант со 30 поени и 11 скока, додека Расел Вестбрук имаше 24 поени и 12 асистенции.

Коби Брајант се врати на паркетот, но повредата на рамото го оневозможи соодветтно да се збогува од Денвер. Лејкерси доживеаја нов пораз, а клучен фактор за тоа беше Ди Џеј Огастин со 26 поени, од кои 22 постигна во последниот период.

Коби Брајант за 11 минути постигна 5 поени, а најдобар кај Лејкерси беше Деанџело Расел со 24 поени и 6 асистенции.

Сан Антонио и 19-та сезона во низа се избори за место во плеј-офот. Спарси тоа го остварија со 29-та едноподруго победа дома, овој пат над Детроит.

„Мамузите“ ги носеше двоецот Кавај Ленард – Ламаркус Олдриџ кој заедно постигна повеќе од половина поени на својот тим. Ленард имаше 27 поени, плус и 6 скока и 5 асистенции, а Олдриџ заврши со 23 поени и 10 скока.

Најдобар кошаркар во 11.натпревари синоќа беше бекот на Хјустон Џејмс Харден кој со 39 поени, 12 скока, 7 асистенции и 4 украдени топки го предводеше Хјустон до победа над Пеликанс од 100-95.

НБА резултати:

Орландо – Чикаго 102-89, Филаделфија – Шарлот 99-119, Бостон – Портланд 116-93, Торонто – Јута 104-94, Хјустон – Њу Орлеанс 100-95, Сан Антонио – Детроит 97-81, Мемфис – Сакраменто 104-98, Милвоки – Индијана 99-104, Минесота – Вашингтон 98-104, Денвер – ЛА Лејкерс 117-107, ЛА Клиперс – Оклахома 103-98

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top