| четврток, 6 декември 2018 |

Трибина за литературата за деца и за млади во „Феникс“

Во рамките на Фестивалот на чајот и на читањето во Културниот центар „Феникс“ во Скопје денеска (3 март) со почеток во во 11 часот ќе се одржи трибина за литературата за деца и млади.

Насловот на трибината е „Каде е, кај ли се крие македонската литература за деца и за млади?“

На трибината ќе настапат проф. д-р Христо Петрески, м-р Трајче Кацаров, проф. д-р Васил Тоциновски, м-р Ели Маказлиева и Вера Андон, а ќе стане збор за досегашните, но и актулените проблеми на овој план, а пред сè: зошто нема нови и млади писатели што создаваат за деца и за млади; за третманот на литературата за деца и за млади и поделбата на литература за возрасни и литература за деца и млади; за отсуството на иновациите, современоста и модерноста, наградите, критиката, читањето и слично.

Пред почнувањето на трибината ќе му биде врачена годинашната награда „Големиот принц“ на писателот Трајче Кацаров за неговата книга „Скаските на Мето од петто“, а ќе бидат претставени и книгите за деца и млади што сонува левата, а што десната перница од Христо Петрески, книгата со раскази „Победници“ од Васил Тоциновски, илустрираната книга „Моето семејство“ од Ели Маказлиева, како и поетската книга „Здраво мои 13“ од Вера Андон.

Настанот ќе заврши со врачување и на наградите за најдобра литертурна и ликовна творба од конкурсот Јас го разбирам светот како поле за културен натпревар меѓу народите.

Организатори на манифестацијата се Издавачката куќа „Феникс“ и Фондацијата за културна и научна афоирмација и презентација „Македонија презент“.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top