| четврток, 6 декември 2018 |

Оваа кукла за венчаници крие тајна од која ќе ве полазат морници (видео)

Веќе 85 години луѓето масовно го посетуваат бутикот за венчаници поради мистериозната укла во излогот.

Бутик во Мексико, под име „Ла Популар“, луѓето повеќе го посетуваат поради оваа кукла отколку поради венчаниците кои тука се продаваат. Според локалното население куклата е всушност балсамиран леш на ќерката на првата сопственичка на продавницата Паскал Еспренаса. Куклата за прв пат се појавила во 1930 година и ги шокирала жителите кои и дале прекар Ла Паскалита (Малечката Паскал, по името на нејзината мајка).

vencanica-lutka-foto-jutjub-1456951480-855785

Во истиот момент, луѓето се посомневале дека во прашање е ќерката на сопственичката поради неверојатната сличност, а и фактот дека неодамна починала. Есперанса ги негирала дека ја балсамирала ќерката но никој не и веруваше.

Причината поради која сите верувале дека куклата е всушност ќерката на Есперанса бил тој што девојката умрела за време на својата прва брачна ноќ откако ја каснал пајакот црна вдовица.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top