Ливерпул и Манчестер Сити за само три дена одиграа уште еден натпревар овојпат во рамките од 28.коло од Премиер лигата. По поразот во финалето од Лига купот, Ливерпул со камата му врати на Сити и го оддалечи од борбата за титулата.
Јирген Клоп се реши да ги одмори Кутињо, Стариџ и Морено, но дури и со комбиниран состав „црвените“ им одржаа лекција на поскапите ѕвезди од Манчестер. Лалана го отвори резултатот со прецизен удар од дваесетина метри, а додека Сити уште беше во шок пристигна и вториот гол, дело на поранешниот „граѓанин“ Милнер на додавање на Фирмино. Гостите во второто полувреме целосно се отворија, а Ливерпул го искористи тоа за да го постигне третиот гол, овојпат стрелец беше Фирмино на додавање на Лалана.
Манчестер јунајтед го искористи поразот од градскиот ривал и се изедначи со бодовите на табелата на делба на четвртото место со денешната минимална победа над Ватфорд со 1-0. Иако Луис ван Гал не може да смета на дури петнаесетина повредени фудбалери Хуан Мата беше јунакот за тимот со гол од слободен удар на седум минути до крајот на мечот.
Резултати Премире лига:
Арсенал – Свонси 1-2, Стоук – Њукасл 1-0, Вест Хем – Тотенхем 1-0, Манчестер јунајтед – Ватфорд 1-0, Ливерпул – Манчестер Сити 3-0.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.