Екипата на Лестер и покрај вчерашното реми со ВБА ја зголеми предноста во однос на ривалите за титулата откако вечерва и Тотенхем и Арсенал претрпеа порази.
Посебно разочараа Арсенал кој важи за еден од главните тимови за титулата. Наместо да го искористат киксот на лидерот на табелата и вечерва да дојдат до рутинска победа на „Емирати“ се случи спротивното. Свонси славеше со 2-1 и ги освоија трите бода кои многу ќе им значат во борбата за опстанокот.
Избраниците на Венгер дури и први поведоа преку Кемпбел, но потоа неочекувано застанаа, овозможувајќи им на гостите да направат целосен пресврт. Победничкиот гол беше дело на дефанзивецот Вилијамс, и тоа по слабата интервенција на Петр Чех по слободниот удар на Сигурдсон.
Тотенхем беше во можност да се искачи на првото место на табелата во Премиер лигата, но во лондонското дерби со Вест Хем загубија минимално со 1-0. нтонио го постигна единствениот погодок на самиот почеток од мечот откако со глава го матираше Лорис, а Тотенхем во првото полувреме не упати ниту еден удар кон противничкиот гол. Најубавата шанса „спарси“ ја имаа во вториот дел, кога Кејн не реагираше најдобро при една одбиена топка, па од неколку метри не успеа да ја затресе мрежата на „чеканите“.
Лестер по комплетирањето на 28.коло има 57 бода, три повеќе од Тотенхем и шест од Арсенал.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Поврзани вести
-
Шок во Бордо: Суботиќ во бесознание, доби удар од голманот на Ст.Етјен
-
Кузмановска: Неспособната власт ги задолжи граѓаните за нови 21,1 милион евра
-
И јас трпев насилство од поранешниот партнер: Министерката си ја отвори душата!(видео)
-
Руси масовно дрифтаат во снег, ни полицијата не им може ништо (Видео)