Оваа година рекордни 376 кандидати се натпреваруваат за Нобеловата награта за мир, објави Нобеловиот институт, кој ги држи во тајност имињата на номинираните кандидати.
Претходниот рекорд беше во 2014 година, кога беа предложени 278 имиња. Иако Нобеловиот институт не објавува имиња на кандидати, се верува дека оваа година на списокот има толку различни имиња, како што се кандидатот за републиканска претседателска номинација, Доналд Трамп, поранешниот соработник на американската Национална агенција за безбедност Едвард Сноуден и папата Францискo.
„Тоа го одразува фактот дека живееме во свет во кој има многу судири и во кој исто така постои одреден број на процеси кои одат во позитивна насока. Очигледно дека сето тоа инспирираше многу луѓе да го искористат своето право и да кандидираат некого за награда -изјавил за агенцијата „Франс прес“, директорот на Нобеловиот институт, Олав Нјелстад.
Од 376 кандидирани, 228 се поединци, а 148 организации, наведе Нобеловиот институто.
Нивниот идентитет останува тајна најмалку 50 години, освен ако нивните предлагачи, пратеници и министри, поранешни добитници на наградата, професори од универзитетот не одлучат јавно да го објават својот избор.
Се верува дека оваа година во трката за кандидат за Нобелова награда за мир се и учесниците во колумбискиот мировен процес, германската канцеларка Ангела Меркел, жителите на грчките острови кои им помагаат на мигрантите и американската актерка Сузан Сарандон.
Пет членови на Нобеловиот одбор кои го избираат победникот денеска го одржаа првиот состанок за овогодишниот избор, на кој можеа да предложат и други кандидати по нивен избор.
Името на победникот ќе биде познато на 7 октомври.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Поврзани вести
-
Нобеловата награда за литература ја засени секс скандал
-
Нобеловата награда за мир ќе остане во рацете на Аунг Сан Си Чи, нема да и се одземе и покрај извештајот на ОН
-
Нобел под микроскоп: Сопруг на членка на Нобеловиот комитет откривал имиња на добитници
-
Зошто Тито никогаш не доби Нобелова награда за мир?