| четврток, 6 декември 2018 |

ЕКСКЛУЗИВНО: Свадбата на Јанева во детали

svadba 1Двогледот на Република направи увид во плановите за свадбата на деценијата во организација на ДОО „СЈО“.

Според проверени информации гостите под шаторот подарок од дипломатскиот кор ќе се дочекуваат со музика од филмот „Титаник“. На врата веќе е договорен да ги дочекува братот на Зоран Заев, Вице, којќе биде задолжен за украсување на сватовите кои ќе мора да остават паричка на два послужавника.

Вице е задолжен и за превозот на младите, за што одвоил едно од возилата Порше, а веќе се знае дека тоа ќе е истото возило за кое „око фрли“ и новинарот Латас.

Во листата на дарови се најде и рачно исткаен тепих, како и прекуред сликање и изработка на нови лични документи од „Фабрика“. За тоа обврска си земал Оливер Спасовски.

За се да биде европски, Јанева организирала младите да ги венча европскиот митрополит Пимен, кој ќе одржи своја световна беседа, а веднаш потоа ќе ја сподели на Фејсбук.

Дознаваме дека целиот настан медиумски ќе биде покриен според западните принципи, а „лиценца“ добил неделникот „Фикус“.

За изборот на локацијата се потрудил дополнителниот заменик министер за администрација Кирацовски, но познат по тоа што пред нос му избега и салата за прес конференции, на избор на локацијата работат и други од СДСМ. Кирацовски сепак за тоа не знае, за да не го загубел еланот.

За веселбата да биде целосна, задолжен е ДиЏеј Шиле, познат како портпарол Шилегов, чии вешти прсти на миксерот станаа прочуени во кампот пред владата.

Репертоар на свои песни ќе изведе Цветанка Ласкова, со песни кои ќе и дадат приморска атмосфера на забавата. Секако тука ќе биде и хорот Распеани Скопјани.

За читателите на Двоглед ќе го откриеме и изненадувањето на вечерта- подарокот кој со падобран ќе биде приземјен по летот од Белгија. На позадината на кутијата ќе стои потписот на Ванхауте, кој сесрдно ќе сподели една од своите мачки. Договорено е тогаш пратеничката Софија Куновска да го започне колективното мјаукање меѓу гостите во чест на отсутниот Белгиец.

Дознаваме дека за се да биде во ред, од кетеринг до обезбедување, веќе биле ангажирани странски служби. Паричната помош од ЕУ ќе стигне со траншата помош за бегалците.

За крај го оставаме изненадувањето на вечерта. Неофицијално, пратеникот Пишев во име на Парламентот подготвува рап нумера. Сепак, неговата сценска изведба за сега останува тајна.

Петел Бодичек
***  Целта на „Двоглед“ е да се сврти вниманието на одредени појави во општеството. Секоја сличност со вистинските луѓе и институции е случајна.

Петел Бодичек

*** Целта на „Двоглед“ е да се сврти вниманието на одредени појави во општеството. Секоја сличност со вистинските луѓе и институции е случајна.

*** The aim of "Dvogled" is to draw attention to certain phenomena in society. Any similarity to actual persons and institutions is merely coincidental.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top