| четврток, 6 декември 2018 |

Заев и Верушевски на свадба кај Јанева

zaev-verusevski-janeva-640x296

Лидерот на ДОО „СЈО“, Катица Јанева, најави дека ќе ги искористи законските три дена отсуство од работа заради свадба во семејството. Оттука јасно е зашто до сега нема резултати од оваа рожба на политичкиот договор наречена СЈО, но јасно е и зошто Заев и СДСМ не се бунат за неажурноста на Обвинителките и доцнењето со закажаната и најавена испорака.

Нејсе, кога е таков семеен хепенинг во прашање, разбирливо е и зошто толку тајни канцелариски шушкања имаше Фатиме Фетаи со членот на „поширокото семејство“ на Заеви. Всушност, Фатиме била „свиркач“ кој што требал да ги дознае и пренесе желбите и потребите на Јанева кај Гаврил Бубевски, а тој да организира кој што да набави за подарок.

Па, така, „Република“ од извори блиски на ДОО „СЈО“ ги открива и дел од видните личности од македонската политичка естрада кои ќе присуствуваат, како за подароците кои се очекува да ги достават за да ги задоволат потребите на Јанева.

Имено, веќе е сигурно дека на семејната веселба кај Катица ќе дојдат семејството на Зоран Заев и на Зоран Верушевски.

svadba sator

Заев, според пресретнатата комуникација веќе се подготвувал да набави нов автомобил за подарок, за новиот брачен пар да не патува до станот во Скопје, кој допрва ќе се појави на листата на имот на Големата мајка Катица.

Десната рака и најголема подршка на Заев во моментите кога тој се чувствува осамен во борба за вистината во опскурноста на политичката борба, Радмила Шекеринска, пак, за проширеното семејство на Јанева ќе и подари јахта. Тоа е онаа истата јахта која Шекеринска ја нема, ама како изненадување ја чуваше на тајна локација во хангарите во скопска Кисела вода. Сега, префарбана, ќе и ја подари на Катица, за да и таа се почувствува еднаква меѓу средната класа за која се залага СДСМ.

Највредниот подарок зетот на Катица ќе го добие од Верушевски. Најнов модел на мобилен телефон со сите можни апликации. За да не помислите дека Верушевск е циција, тој со својата скромна професорска плата, има подарок и за Катица. Веќе и подготвил неколку кутии со транскрипти и неколку хард-дискови со снимени телефонски разговори на зетот, за да може таа да си знае со кого си има работа.

smokve

На свадба кај Катица Јанева можеби нема да присуствува лично, но свој подарок најавил уште еден функционер на СДСМ. Заменикот министер за земјоделство Љупчо Николовски своерачно ќе ги засади донираните смокви на новиот вилает на Јанева. Тој се понудил лично да го стори тоа, за Катица да се сети на него доколку излезат сомнителни разговори за неговиот лик, дела и ориентација. Политичка де.

За свеченоста се подготвува и целиот дипломатски кор. За сега се знае дека тие веќе обезбедиле заштита со шаторските крила против сонце, за да може по свечената церемонија забавата да продолжи, а никој од присутните да не се чувствува непријатно од временските прилики. Со еден збор, ќе обезбедат Чадор за забавата на Катица да тече непречено.

Како шлаг на оваа свадбената приказна е олеснувањето на Јанева во оваа голема подготовка по ветувањето на Обвинителката Ленче Ристоска дека ќе си направи дополнителен сервис на автомобилот и дека ќе внимава како ќе вози до и од заштитената локација. Таа ќе даде се од себе за повторно да не ги изненади медиумите и да не го привлече вниманието на себе, наместо кон свадбената церемонија.

До свадбата има уште цел еден месец, а до тогаш ветуваме дека ќе објавиме за целата листа на подароци наменети за Јанева.

Петел Бодичек
***  Целта на „Двоглед“ е да се сврти вниманието на одредени појави во општеството. Секоја сличност со вистинските луѓе и институции е случајна.

Петел Бодичек

*** Целта на „Двоглед“ е да се сврти вниманието на одредени појави во општеството. Секоја сличност со вистинските луѓе и институции е случајна.

*** The aim of "Dvogled" is to draw attention to certain phenomena in society. Any similarity to actual persons and institutions is merely coincidental.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top