Македонската опера и балет продолжува со практиката за музичка едукација на најмладата популација. В недела на 6 март, со почеток во 12 часот, ќе биде изведена детската оперска претстава „Мала волшебна флејта“.
Претставата е адаптација за деца на популарната опера „Волшебната флејта“ од Волфганг Амадеус Моцарт. Во нејзе, преку убавата музика на Моцарт, децата ќе имаат можност да дознаат одговори на неколку прашања.
Дали Сарастро е навистина лош (злобен) волшебник? Што работи Папагено, кој ја уби змијата и зошто тој лаже? Зошто Кралицата на Ноќта му ја ветува за жена нејзината ќерка Памина на Тамино и што бара од него, за возврат? Што добиваат Тамино и Папагено, од Памина и Папагена и што на крајот победува?
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.