Санти Казорла најверојатно нема да може да се врати на терените до крајот на оваа сезона откако шпанскиот плејмејкер заработил и незгодна повреда на тетивата. Шпанецот беше опериран поради проблеми со коленото и се очекуваше во текот на април повторно да му се стави на располагање на Арсен Венгер. Сепак, последните информации од таборот на „топчиите“ велат дека Казорла во меѓувреме се пожалил на проблеми со тетивата, поради што воопшто не е во тренажен процес во изминатите денови.
„Рехабилитацијата на Санти не оди според планот. Со коленото се е во ред, но затоа тетивата создава проблеми. Поради тоа решивме тој да не тренира уште извесно време, да видиме како ќе одговори на третманите за тетивата, по што ќе донесеме одлука“ – изјави Венгер.
Ова е уште еден во низата проблеми за францускиот стратег, кој има ограничен број на централни играчи за врска бидејќи на листата на повредени фудбалери се наоѓаат уште и Вилшир, Окслејд Чембрлен и Росицки.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.