| четврток, 6 декември 2018 |

Верувале или не: еве како се дебелеете од вода

Вистина е дека дневно треба да се внесува многу вода. Меѓутоа, така може и да се здебелите, вели Бет Шо, фитнес експерт и авторот на книгата „Јогалајн“.

drinkig-water

Водата во шише обично содржи БПА, хемикалија која е позната и како ендокрин дисрупот. Тоа значи дека го блокира начинот на кој работат нашите хормони. А еден од тие хормони, естроген, може да предизвика дебелеење во пределот на стомакот кога правилно не се распоредува во телото.

Што е решението? Бет предлага обична вода од чешма, која претходно е филтрирана. Шо вели дека членовите на нејзиното семејство  повеќе не пијат вода од шише (а не употребуваат ниту пластични садови за подгрејување во микробранова печка кои исто така содржат БПА) и дека така го решиле проблемот со дебелеењето.

Останува да пробаме да видиме дали оваа метода навистина делува.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top