Вечерва се одиграа два натпревари од 27. коло во шпанската Примера Дивизија.
Во првиот дуел Атлетико Мадрид на домашен терен го совлада Сосиедад со 3:0.
Уште во 8. минута од натпреварот „јорганџиите“ го започнаа патот до триумфот откако по акцијата по десната страна Диего Рејес неспретно реагираше во петерецот и ја смести топката во сопствената мрежа.
Првото полувреме заврши со еден постигнат гол. Во вториот дел домашната екипа уште побрзо постигна гол, во 46. минута Саул Нигуез беше прецизен за водство од 2-0.
Сите надежи за пресврт на гостите беа прекинати во 61. минута, кога е досуден пенал за Атлетико, а од белата точка прецизен беше Гризман, за конечни 3-0.
Со оваа победа второпласираниот Атлетико се доближи до лидерот Барса, која има 5 бодови повеќе. Реал Мадрид е трет на табелата со 7 бодови зад Атлетико и натпревар помалку.
Во вториот натпревар вечерва Лас Палмас убедливо го совлада Хетафе со 4-0.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Поврзани вести
-
Шок во Бордо: Суботиќ во бесознание, доби удар од голманот на Ст.Етјен
-
Кузмановска: Неспособната власт ги задолжи граѓаните за нови 21,1 милион евра
-
И јас трпев насилство од поранешниот партнер: Министерката си ја отвори душата!(видео)
-
Руси масовно дрифтаат во снег, ни полицијата не им може ништо (Видео)