Европа треба да се врати кон политиката на отворени граници, изјави во Виена претседателот на Европска унија, Доналд Туск.
– Денеска отвораме нова страница во борбата со миграциската криза и таа се нарекува „Враќање на шенгенот“, истакна Туск по средбата со австрискиот канцелар Вернер Фајман.
Виена е прва страница од четиридневната турнеја на Туск по балканската маршрута на мигрантите.
– Должни сме заедно да понесеме хуманитарни последици од нашата одлука, истакна Туск и апелираше да се поддржи Грција поради блокираните мигранти, кои веќе не можат да патуваат по балканската маршрута.
Претседателот на ЕУ вечерва ќе ја посети Љубљана, а утре Загреб и Скопје, а в четврток ќе ги посети Грција и Турција.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.