| четврток, 6 декември 2018 |

Ексклузивна снимка од сослушувањето на дадилката која му ја отчесе главата на детето во Москва (видео)

„ LifeNews“ објави видео од сослушувањето на дадилката-убиец Ѓулчехра Бобокулова која сурово ја уби својата штитеничка вчера во Москва. Жената ја признала целосно вината и се обидела да објасни на оперативните работници причината за злосторството. Таа се пожалила дека по разводот со нејзиниот прв маж роднините и ги одзеле трите деца.

Од зборовите на дадилката станува јасно дека таа пристигнала во Москва пред три години, каде што почнала да работи како дадилка.

Семејството на убиеното девојче добило препорака за неа од познати луѓе. На родителите на Настасја им се допаднала Ѓулчехра и таа работела кај нив околу две години.

Со својот прв маж жената имала брак 12 години. Тие се развеле во Узбекистан. Роднините на Бобокулова и ги одзеле трите нејзините деца. Еден од синовите живее со таткото на Ѓулчехра, вториот останал со првиот маж, а третиот, според зборовите на дадилката, поранешниот сопруг и го подарил на својата сестра. Самата Ѓулчехра ја протерале на улицата.

Пред околу една година Бобокулова се запознала во Москва со својот втор маж, исто така од Узбекистан. Според нејзините зборови, со него се гледале по два пати неделно. Ѓулчехра знаела дека мажот и има семејство, но се согласила да стане втора, неофицијална сопруга. Но пред четири месеци љубовник заминал за татковина и оттогаш дадилката му ги изгубила трагите .

Немам официјално никаков маж до себе сега, истакнала на сослушувањето Бобокулова. Треба да се напомене дека новинарите дошле и до други факти од нејзиниот живот. Жители од селото, каде и досега живее нејзиното семејство, раскажале дека жената веќе 15 години се води во евиденција во психодиспанзер со дијагноза “шизофренија”.

Според него, родителите на Ѓулчехра, се трудел да ја хоспитализира пред да се случат пролетните појави на болеста. Но од година во година болеста и се продлабочувала.

Во одреден момент станало невозможно и опасно да се живее со неа. Тоа послужило и како мотив за разводот со нејзиниот прв маж.

Грозоморното убиство, за кое соопштивме беше извршено во Москва на 29 февруари наутро. Осомничената работела во семејството како дадилка. Таа издемнела кога родителите излегле со поголемото дете и го убила заспаното девојче за кое се грижела.

Потоа жената го запалила станот и се упатила кон станицата на метрото “Октомвриска поле”, каде почнала да вреска и да се заканува дека ќе се самоз-разнесе.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top