Сите се сеќавамае на супите кои ни ги приготвувале бабите. Колку и да се трудиме да направиме иста таква супа не ни успева. Во што е тајната? Нашите баби во супата ставаа телешки и пилепки коски.
Супа од т.н. „шупливи коски“ е природен антибиотик. Полна е со хранливи материи и лекува сто болести. Рецептот е едноставен: Една шуплива коска ставате во тенџере со многу вода и ја оставате да врие. По извесно време додавате морков и целер, пашканат и лук. Кога супата ќе зоврие додавате тестенини и зачини. Една чинија од оваа супа го штити целиот организам и го зголемува имунитетот.
Го зголемува внесот на минерали.
Домашната супа од коски е преполна со хранливи материи кои ги нема доволно во денешната модерна исхрана. Едноставната супа изобилува со минерали како калциум, фосфор, магнезиум и калиум и тоа во облици кои вашето тело може лесно да ги апсорбира.
Д-р Ејми Маерс, специјалист за автоимуни болести ја препорачува оваа супа кај своите пациенти кои боледуваат од синдромот на иритирани црева.
-Желатинот од коските ја лекува и ја штити слузокожата на дигестивниот тракт и помага во варењето на хранливите материи.
Овие аминокиселини се важни за здрав стомак и варење.
Лекува воспаленија
Што имаат заеднички оштетените зглобови и автоимуните болести? Тие честопати се резултат на воспаленија предизвикани од стрес и лош избор на храна.
-Супата од коски содржи хондроитин сулфат и глукозамин, соединенија кои го ублажуваат воспалението, артиритисот и болките во зглобовите. Глицинот на аминокиселините се наоѓа во коските и може да биде мошне смирувачки, вели маерс.
Гарантира подобар изглед
Супата од коски содржи колаген, протеин кој се прави при варењето и се формира во желатин. Желатинот од коските придонесува за здрава кожа, коса и нокти.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.