-Дур не се пролее крв по улици, ниту режим паѓа, ниту слобода се стекнува! – напиша Едмонд Адеми на социјалната мрежа во јануари минатата година.
Адеми, кој е член на Извршниот и на Централниот одбор на СДСМ е вработен во министерството со кое шефува Оливер Спасовски. Иако без ден искуство во полиција, односно во МВР, Спасовски како советник го ангажирал членот на Извршниот и на Централниот одбор на партијата во која тој е генерален секретар. Токму Адеми пред една година повикуваше да се лее крв по улиците.
Адеми е само последен од низата сдсмовски кадри со кои Спасовски врши брутална патизација на полицијата, не почитувајќи ги ниту стандардите ниту искуството и системот на кариера во МВР. Но не и последен од низата сопартиски кадри кои јавно повикуваат на линч на неистомисленици. На пример, на денот кога претседателот на Светскиот Македонски Конгрес, Тодор Петров, беше кукавички претепан, самостоен инспектор од Чаир, Зоран Блажевски, наместо да ги годи сторителите, ликуваше по тепањето на Петров, со закани дека така „ќе завршите“.
Кадрите на Спасовски кој го партизираше основниот столб на безбедноста во државата, заби наместо кон тепачи, покажува при спроведување на пример на единствениот Македонец градоначалник во регионот надвор од границите на Македонија. А човек како Едмонд Темелко, со негово искуство, однесувањето на партиската полиција на Спасовски ја спореди со „грчките полицајци од минатото“.
Меѓу „професионалеците“ е и советникот на Спасовски, Тони Димитриевски, кој што постојано ги поддржува протестите против институциите, како што се оние пред Уставниот суд.
Димитриевски бил главен и одговорен уредник на неделникот „Старт“, весник на СДСМ воден од тогашниот прв човек на скопскиот партиски огранок. Според зборовите на Димитриевски, во 2003 година работел, односно „помагаше да се направи ова што денеска е познато како „Сектор за односи со јавност“. Уште со доаѓањето на Спасовски, Димитриевски ја засили својата активна комуникација со јавноста, но само преку социјалните мрежи на кои најчесто споделува партиски ставови, шири омраза кон неистомисленици и директно повикува на насилство против медиуми кои критички се настроени кон СДСМ.
Доколку Спасовски молчи за врските со Чауш и останатите во аферите за лажните лични документи, неговиот советник Димитриевски споделува фотографии со пораки каде се воздигнува Зоран Верушевски, осомничен за случајот „Пуч“, но и човек кој е вплеткан во многу дејанија насочени кон уривање и узурпација на државата.
Па технички министре за внатрешни работи, Оливер Спасовски, ова ли се Вашите „професионалци“?
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Поврзани вести
-
Спасовски: За повик на бојкот ќе се оди во затвор
-
МВР место да се фокусира за злоупотреба на службена должност, се грижи кој ги направил фотографиите
-
Спасовски се грижи дали го следат на социјалните мрежи, но не и за расветлувањето на убиството на Саздовски
-
ВМРО-ДПМНЕ: Kриминалот царува по улиците, a Спасовски се прави слеп