Во Истанбул, Турција, се гради третиот аеродром по ред што треба да биде најголем на светот. Во моментов на тој мега-проект работат речиси 13 илјади работници од 15 држави во светот.
Првиот дел од идниот најголем аеродром на светот ќе биде отворен во февруари 2016 година. Првиот дел од аеродромот ќе има капацитет од 200 милиони патници годишно. Во претстојниот период на изградба на аеродромот ќе работат и до 30 илјади лица.
Станува збор за проект вреден 10,250 милијарди евра и аеродром кој по својот обем и содржина ќе биде мал град и ќе има годишен капацитет од 150 милиони патници.
Ќе има паркинг простор за 500 авиони и 70 илјади возила, шест писти и 12 терминали за такси. Ќе се простора на 76,5 милиони метри квадратен простор.
Локалните власти и изведувачи посебна грижа водат и за заштита на околината, па секое преносливо дрво го пресадуваат на друга локација во Истанбул, а најавено е и засадување по пет садници за секое старо стрбло што ќе биде исечено. Секое исечено дрво се заведува во евиденција и поради тоа е најавно засадување на повеќе од 10 милиони садници на различни локалитети во Турција.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Поврзани вести
-
Шок во Бордо: Суботиќ во бесознание, доби удар од голманот на Ст.Етјен
-
Кузмановска: Неспособната власт ги задолжи граѓаните за нови 21,1 милион евра
-
И јас трпев насилство од поранешниот партнер: Министерката си ја отвори душата!(видео)
-
Руси масовно дрифтаат во снег, ни полицијата не им може ништо (Видео)