По паузата од еден меч и одморот кој го доби од тренерот на Кливленд, Леброн Џејмс се врати во екипата за нова победа на Кливленд оваа сезона.
Токму „кралот“ беше кошаркарот кој ја направи потребната разлика за триумф над Индијана од 100-96. Тој беше најдобар стрелец во Кливленд со 33 поени, а Кајри Ирвинг мечот го заврши со 22 поени. Кај Индијана најмногу се истакнаа Елис со 28 и Пол Џорџ со 23 поени.
– Начинот на кој реагиравме по последниот пораз е уште еден доказ за нашиот карактер. Не ми беше лесно од клупата да гледам што се случуваше во Вашингтон, но значајно е што тоа го оставаме зад нас – изјави Леброн Џејмс.
Интересно беше во Сакраменто, каде домаќините и покрај одличното издание на Казинс (35 поени и 12 скокови) капитулираа во пресметката со Оклахома сити тандер (116-131). Дурант со 27 поени беше најефикасен во победничкиот тим, каде во одлично светло повторно се покажа и Расел Вестбрук, кој оствари трипл дабл од 20 поени, 15 асистенции и 13 скока.
НБА резултати:
Кливленд – Индијана 100-96, Вашингтон – Филаделфија 116-108, Бостон – Јута 100-95, Милвоки – Хјустон 128-121, Денвер – Мемфис 96-103, Сакраменто – Оклахома сити 116-131, ЛА клиперс – Бруклин 105-95.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Поврзани вести
-
Шок во Бордо: Суботиќ во бесознание, доби удар од голманот на Ст.Етјен
-
Кузмановска: Неспособната власт ги задолжи граѓаните за нови 21,1 милион евра
-
И јас трпев насилство од поранешниот партнер: Министерката си ја отвори душата!(видео)
-
Руси масовно дрифтаат во снег, ни полицијата не им може ништо (Видео)