| четврток, 6 декември 2018 |

ТЛЗП доби нов член на жирито кој сите го знаеме (фото)

Освен десетте нови натпреварувачи и нов музички ментор, овој спектакл донесе уште едно изненадување – нов член на жирито!

тлзп

Во недела 06 март стартува третата сезона на популарното музичко шоу „Твоето лице звучи познато“. Покрај десетте нови натпреварувачи и нов музички ментор овој спектакл има и нов член на жирито.

На Иван Ивановиќ и Ана Кокиќ во улога на судија ќе им се придружи и популарниот пејач и кантавтор Владо Георгиев.

владо

Познат како некој кој нема влакна на јазикот и  човек кој секогаш искрено и директно го кажува своето мислење, сигурно е дека Владо нема да ги штеди учесниците за време на оценувањето на нивните настапи.

-Ми се допаѓа ова шоу, поинакво е од другите. Не  е некоја евтина копија какви што секојдневно гледаме на малите екрани туку станува збор за оригинална содржина. Особено ми се допаѓа хуманитарниот карактер – изјавил популарниот Барба чии коментари сосема сигурно ќе се прераскажуваат секоја недела.

*

*

Никола Роквиќ, Богољуб Митиќ Ѓоша, Данијел Кајмакоски, Халид Муслимовиќ и Неша Бриџис ја составуваат машката екипа додека натпреварувачките се во состав – Ивана Петерс, Ана Грубин, Катарина Остојиќ Каја, Дара Бубамара и Славица Ќуктераш.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top