Младата пејачка Теа Трајковска го искористи дополнителниот ден во оваа година, 29 февруари и на јавноста ѝ ја претстави својата нова песна „Можеш ли без мене“. Новиот сингл доаѓа по успешниот хит „Доста Глумиме“ со кој Теа минатата година ја освои наградата на МАРС во категоријата Ѕвезда што се раѓа.
„Можеш ли без мене“ е авторско дело на Теа Трајковска, која го напиша текстот на песната во соработка со Магдалена Цветковска Ена, додека музиката и аранжманот се на Лазар Цветковски, а мастерот на Раде Врчаковски – Врчак.
– По повод овој несекојдневен датум јас решив на сите да им подарам една лична приказна преточена во песна и притоа да им посакам убав почеток на месецот март, кој започнува утре. Со „Можеш ли без мене“ го најавувам мојот прв албум кој треба да излезе до крајот на оваа година – вели Теа.
Видеоспотот за „Можеш ли без мене“ е во изработка и наскоро ќе биде промовиран
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Поврзани вести
-
Шок во Бордо: Суботиќ во бесознание, доби удар од голманот на Ст.Етјен
-
Кузмановска: Неспособната власт ги задолжи граѓаните за нови 21,1 милион евра
-
И јас трпев насилство од поранешниот партнер: Министерката си ја отвори душата!(видео)
-
Руси масовно дрифтаат во снег, ни полицијата не им може ништо (Видео)