| четврток, 6 декември 2018 |

МАНУ формира Совет за евроинтеграции

manu

Во Македонската академија на науките и уметностите (МАНУ) денеска ќе се формира Совет за евроинтеграции.

Како што соопштија од МАНУ, на конститутивната седница ќе присуствува и заменик-претседателот на Владата на Република Македонија задолжен за европски прашања, Фатмир Бесими.

Предвидено е по фомирањето на Советот за евроинтеграции, да биде потпишан меморандум за соработка меѓу Секретаријатот за европски прашања (СЕП) и МАНУ во интерес на забрзување на интеграцијата на државата во ЕУ. Потпис на документот треба да стават претставниците на двете институции, вицепремиерот Бесими и претседателот на МАНУ, акадeмик Таки Фити.

Според текстот на меморандумот, целта е преку разни форми на соработка да се создаде платформа за креирање синергија меѓу научниот потенцијал, администрацијата и деловната заедница. Притоа се дефинираат областите и начинот на соработка во насока на искористување на расположливото знаење и искуство и научно – истражувачките капацитети во сите области.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top