„Само таа знае како“ е најновата песна на Панчо и Андреј, од музичкото дуо ДНК. Овој нов сингл веднаш доби и свој видеозапис, со звучна мелодија, а истиот е и најава за новиот албум „Уште еден ден“, кој ќе биде промовиран во мај.
Видеозаписот на кој стои потписот на „Томато продукција“, е снимен во скопско Трубарево во Македонски железници и во лаунч-барот „Дежави“ во Аеродром. Покрај Панчо и Андреј, главната улога ја има прекрасната Олгица Стрика од Куманово, која за првпат се појавува на ТВ-екраните.
–Навистина уживавме додека го снимавме спотот. Имено, целата приказна започнува откако јас и Андреј ја здогледуваме убавата Оле во еден бар и хангар, каде што нè измачува и максимално се изживува со нас. Остатокот им го оставам на нашите обожаватели да го погледнат во видеото и да дознаат што се случува на крај“ – изјави Панчо со кое го најави најновиот спот на музичкото дуо ДНК.
Музиката е заедничко дело на веќе проверениот тим, Панчо и Лазар Цветковски, текстот е на Панчо, додека аранжманот е на Цветковски.
Погледнете го видеоспотот тука: https://www.youtube.com/watch?v=xOUWcTPQEAc
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.