Обединетата косовска опозиција има намера да побара мислење од Уставниот суд за кворумот при изборот на Хашим Тачи за претседател на Косово, што се одржа во петокот во Парламентот, пишува денеска приштинскиот весник „Коха диторе“.
Како што за весникот изјави лидерот на опозициското радикално движење Самоопределување, Висар Имери, во тек се консултации со уште две опозициски партии и правници, по што, како што кажа, ќе излезе со конкретен став. Опозициските пратеници се обидоа да го оневозможат изборот на Хашим Тачи за претседател со повторно активирање солзавец, па седницата два пати беше прекинувана, а опозицијата отстранета од салата.
Тачи беше избран во третиот круг од гласањето, кога според Уставот за изборот му беше доволно просто мнозинаство од присутните, што во првите два круга не му појде од рака, бидејќи тогаш му беше потребно двотретинско мнозинство. Опозицијата, која подолго од половина година ја блокира работата на косовскиот Парламент бара оставка од Владата, бидејќи е незадоволна од бриселскиот договор со кој се предвидува формирање Заедница на српски општини, како и од договорот за демаркација на границата со Црна Гора. Мандатот на актуелната косовска претседателка Атифете Јахјага завршува на 7 април.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Поврзани вести
-
Ден на жалост на Косово поради смртта на Џорџ Буш постариот
-
Жената на Хашим Тачи го изневерува со претседателот на Собранието, ама и тој не и останал должен!
-
Скандал го тресе косовскиот политички врв: Сопругата на Хашим Тачи во љубов со собранискиот спикер Весели
-
Тачи ги повика граѓаните да се воздржат од каква било провокации