Актуелниот шампион Јувентус го совлада Интер со 2-0 во дербито што се одигра во Торино и им се врати на победите во Серија А, создавајќи четири бода предност во однос на второпласираниот Наполи, кој утре ќе го одигра својот меч против Фиорентина. „Старата дама“ беше надмоќна во најголемиот тек од натпреварот, односно Интер не успеа да се наметне како ривал кој би можел да освои бодови на овој дуел.
Најпрвин Де Алесандро во 47-та минута несмасно реагираше и му „асистираше” на Бонучи кој немилосрдно биеше и го совлада Хандановиќ, а во 83-та минута Миранда без никаква потреба направи прекршок за најстрога казна која го во гол ја претвори Алваро Мората.
Интер дури откако прими два гола се обиде да се закани кон голот на Буфон, но неговата мрежа остана мирна до самиот крај.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Поврзани вести
-
Шок во Бордо: Суботиќ во бесознание, доби удар од голманот на Ст.Етјен
-
Кузмановска: Неспособната власт ги задолжи граѓаните за нови 21,1 милион евра
-
И јас трпев насилство од поранешниот партнер: Министерката си ја отвори душата!(видео)
-
Руси масовно дрифтаат во снег, ни полицијата не им може ништо (Видео)