Неделата почна на 22 февруари мошне бурно со влез на Месечината во знакот на Девица што не натера да се запрашаме за моменталните животни ситуации и промените кои би требало да ги почнеме. Викендот кој следуваше треба да се искористи за опуштање и креативна работа.
Во сабота месечината влезе во знакот на Шкорпија додека Меркур има секстил со Уран, а Сонцето коњукција со Нептун, па секако беше необичен викенд пред нас. Коњукцијата на Сонцето и Нептун се случува на 09° Риби на кој се наоѓа фиксната ѕвезда „Ситула“ од соѕвездието Аквариус. Оваа ѕвезда ја има природата на Сатурн и Јупитер и укажува на она што го дава Водолијата, на водата која ја истура. Дали тоа ќе биде извор на мудрост, среќа или пак разочарување и неочекувани опасности во голема мера зависи од вас лично и вашиот Универзум.
Коњукцијата на Сонцето и нептун може да биде навистина необична, волшебен миг во кој желбата која силно сте ја посакувале и соништата кои сте ги сонувале сега може да се исполнат. Обрнете внимание на соновите, силната интуиција и сите необични средби или ситуации, приказните кои изгледаат како потполно случајни, додека во суштина се мошне битни бидејќи претставуваат тајна порака од ангелите. Бидете мошне отворени, подготвени, но и претпазливи тој ден. Меркур претходниот ден беше во егзактен секстил со Уран, па тоа се навистина може да биде необична среќа, неочекувана добивка или средба која ќе ви донесе добри вести од далечина. Инспирацијата и креативноста се мошне нагласени, па ова се денови за сите уметници и мошне сензуални спиритуални души. Но, она што не смеете да го заборавите е транзитот на Месечината низ знакот на Шкорпија. Оваа позиција на Месечината кај некои може да предизвика и негативни последици бидејќи Нептун претставува измама, лага, опојни сретства и разочарувања.
Разбудете ја својата интуиција и озивејте ги соништата. меркур во последниот ден од седмицата ќе биде на егзалтација на нептун и ќе разбуди исклучителни креативни способности. Искористете ги во остварување на соништата и на своите тајни желби.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.