Во претпоследното коло од групната фаза во Лигата на шампионите македонскиот тим Вардар по првите 30 минути на гостувањето кај Пик Сегед игра еден тврд натпревар со одлични одбрани и многу грешки во нападот.
Избраниците на Раул Гонзалес се мачат во нападот бидејќи домаќинот игра разноврсна и длабока одбрана која од 6-0 лесно се траснформира во 5-1 и 3-2-1 и затоа имаат негатива од еден гол (14-13).
Многу грешки во додавањата и избрзани шутеви.
Двата тима немаа повеќе од два гола предност, а Вардар имаше неколку шанси да дојде до три предност, но шпанскиот ветеран на голот на Пик Сегед, Сиера ги фати двата зицера на Матјаж Брумен и му овозможи на својот тим да се врати во игра.
Главната опасност на домаќините која требаше да доаѓа од Деан Бомбач е неутрализирана, но Габор со четири гола ја направи разликата.
Кај вардарци одлични 30 минути одигра Македа кој истотака четири пати ја затресе противничката мрежа.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.