Милутин Ивковиќ никогаш не престанал да им биде близок на левичарите и на комунистичката идеја. На иницијатива на СКОЈ бил еден од организаторите на бојкотот на Олимписките игри во Берлин во 1936 година.
Освен спортскиот тој остана забележан и по политичкиот ангажман се додека властите не го забраниле печатењето, бил главен уредник на комунистичкото списание „Младост“. Така ја дочекал 1941 година и германската окупација. Бидејќи не го напуштил Белград, а почнал да соработува со народноослободителното движење не поминало долго време и станал мета на нацистите. Поради поврзаноста со работничкото движење и Комунистичката партија повеќе пати бил апсен и прогонуван.
На фудбалскиот терен Милутин Ивковиќ последен пат се појавил на 6 мај 1943 година. Тогаш на молба на своите другари при прославата на 40 години од постоењето на БАСК заиграл за последен пат.
Набргу потоа на 24 мај 1943 година Гестапо го апси, одведен е во логорот на Бањица и стрелан следното утро во Јајинци, официјално, поради „комунистички активности“. Имал 37 години.
По Втората светска војна новата држава се овиде да го зачува споменот на Милутин Ивковиќ. Фудбалскиот сојуз во 1951 година постави спомен-плоча на стадионот на ЈНА, а една улица крај стадионот го носи неговото име. И Здравствениот дом Палилула во „Кнез Данилова“ и земунскиот фудбалки клуб-Милутинац го носат неговото име. Во 197- година поставена е и негова биста, која во 2012 била украдена. Долг низ години ликот и делото на Милутинац беа заборавени. Дури по филмот на Драган Бјелогрлиќ е покрената акција да се врати споменикот и бистата била повторно поставена во 2013 година.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Поврзани вести
-
Шок во Бордо: Суботиќ во бесознание, доби удар од голманот на Ст.Етјен
-
Кузмановска: Неспособната власт ги задолжи граѓаните за нови 21,1 милион евра
-
И јас трпев насилство од поранешниот партнер: Министерката си ја отвори душата!(видео)
-
Руси масовно дрифтаат во снег, ни полицијата не им може ништо (Видео)