| четврток, 6 декември 2018 |

Oхридските музичари одржаа хуманитарен концерт за малиот Кирил Митрески (видео)

На иницијатива на музичарот и фотограф Јован Куциноски на градскиот плоштад во Охрид денеска се одржа хуманитарен уличен концерт за помош на малиот Кирил Митрески (охриѓанец по татко) кому итно му е потребна операција за лекување на тумор на главата во Израел која чини од 70-90.000 евра.

11

На концертот настапија групата „Билјана јуниор“, Богдан Василески, басистот Јане Тодороски, гитаристот Јован Бочвароски, членови на локални бендови и други охридски музичари. Настанот го поддржа охридскиот Црвен крст.

Охриѓани и овојпат покажаа голема хуманост. Речиси да немаше минувач кој не застана да проследи барем малку од уличниот концерт на градскиот плоштад и да не донира средства за помош на малиот Кирил Митрески.

фото: „Охридњуз“

 

 

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top