| четврток, 6 декември 2018 |

Се појави тајна фотографија од венчавката на Аркан и Цеца: Никој не може да верува дека ги венчал….

Ова никој не го знаеше и веста одекна во сите медиуми. Имено, еден извор објави фотографија на која јасно се гледа дека поранешниот владика на Зворничко-тузланската епархија, Василие Качавенда, бил еден од свештениците кои ја венчаа фолк ѕвездата Светлана Ражнатовиќ во црквата Свети Архангел Гаврил во близина на стадионот на „Партизан“ во белград. Очигледно Качаведна кој мораше да отстапи поради вмешанист во низа скандали, тој 19 февруари 1995 година бил во редот на свештениците на Српската православна црква кои присуствуваа на српската „свадба на деценијата“.

Како шти пишува споменатиот извор, Василие Качавенда по смената се наоѓа во манастирот Пет езера кај Бјелина од каде редовно оди во бањски лекувалишта, а снимен е и на шопинг во Солун, каде беше и на летување.

Качавенда бил многу непријатен во текот на разговорот со новинарите кои го прашале за оваа фотографија.

– Не ги венчав, но нема да ви кажам дали присуствував. Не се сеќавам-рекол владиката и ја спуштил слушалката.

Сепак свештеникот Милидраг Стокановиќ, кој е десна рака на Качавенда се сеќава дека владиката бил меѓу свештениците кои ги венчале Аркан и Цеца.

Тој вели дека со сигурност се сеќава дека Качавенда лично не ја водел церемонијата, туку тоа го правеле други двајца свештеници. Тој, вели Стокановиќ, бил повикан како епископ за да бидат испочитувани црквените канони, бидејќи Аркан бил постар од Цеца 21 година.

– Овде станува збор за црквен канон кој само исклучително дозволува голема разлика меѓу младенците. Кај нив таа разлика бше поголема од пропишаниот максимум од 15 години… Се сеќавам на венчавката, а Качавенда беше повикан да биде меѓу свештениците, пред се, бидејќи беше голем пријател на Аркан, а и како епископ поради контраверзноста околу разликата во години меѓу сопружниците, вели Стокановиќ

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top