На Горан Бреговиќ пријателите му подготвуваат роденденска забава за прославата на 66-от роденден, која ќе биде во стилот на популарните журки на сопственикот на „Плејбој“, Хју Хефнер. Тие следниве неколку дена ќе закупат луксузна вила во елитната белградска населба Дедиње, каде што се поканети стотина гости. На забавата, покрај богатата трпеза, ќе присуствуваат и десетина згодни девојки.
„Бреговиќ на 22 март, кога му е роденден, нема концерт, па неговите пријатели одлучија да му организираат забава. Ќе изнајмат вила со внатрешен базен, така што ќе има и капење. Тој ден во Белград ќе допатуваат неговите пријатели од сите страни на светот, со кои се нема видено подолго време. Гостите ќе бидат опкружени со хостеси, кои се вистински убавици и кои ќе водат сметка на гостите да не им недостига нешто. Атмосферата ќе ја загреваат и врвни гого-танчарки, најверојатно од странство“, раскажува извор близок на популарниот музичар.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.