Најголемата активна ѕвезда од Балканот ширум светот, познатиот и популарен Горан Бреговиќ, конечно го носи својот последен проект „Три писма од Сараево“ („Tri pisma iz Sarajeva“) и во Скопје, на 22-ри март во ВИП Арената.
Бидејќи ова шоу не може да се изведе само со неговиот „Оркестар за свадби и погреби“, тој на скопскиот концерт ќе биде придружуван и од комплетниот состав на Македонската филхармонија, заедно со гостите коишто ги носи на сите концерти, а се дел од овој негов голем проект.
Албумот „Tri pisma iz Sarajeva“ е најпровадан Ethno world album во светот во 2018 година, вклучувајќи ја и Америка, и Горан Бреговиќ за него доби и можеби најдобри рецензии од сите соло албуми што ги има издадено во последнава декада, а се најде и во престижниот британски весник „Гардијан“.
-На концертот ќе бидат изведени и сите негови хитови како: „Калашњиков“, „Месечина“, „Едерлези“ и многу други, па така со гаранција предвидуваме незаборавна вечер во Скопје на 22-ри март, велат организаторите.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Поврзани вести
-
Каде има рокенрол има и дрога- исповед на Горан Бреговиќ
-
Се зборуваше дека не и е верен – ова е сопругата на Горан Бреговиќ со која е во брак 25 години
-
Ретко се гледа ваква фотографија: Брена, Цеца и Бреговиќ ги здружија силите (видео)
-
Без влакна на јазикот: Не ме интересира ниту тој, ниту неговите народњаци