| четврток, 6 декември 2018 |

Вардар по два бода во Сегед за повисок пласман на табелата

vardar-kielce-7

Ракометарите на Вардар денеска со почеток од 17.30 часот го играа претпоследниот натпревар од групната фаза на гостувањето кај Пик Сегед.
Товарот кој го носи овој меч е голем и за двата тима бидејќи со евентуална победа ќе се избегне потежок противник во осминафиналето, а тоа најверојатно е германскиот гигант Кил.
Затоа, целта на избраниците на Раул Гонзалез е јасна – да се слави во Унгарија и на тој начин да се избегнат „зебрите“ и да се тргне по нешто полесен пат до Ф4.

– Овој натпревар е многу, многу важен, можеби и најважен во сезоната затоа што ни зависи пласманот за понатаму. Ако загубиме, најверојатно ќе одиме на Кил во осминафиналето, што е многу тешко, затоа сите сме свесни дека мора да влеземе на теренот максимално спремни и тактички и психолошки. Свесни сме за тежината на натпреварот, па се надевам на најдобар резултат – изјави српскиот интернационалец во дресот на Вардар, Илија Абутовиќ за официјалната веб-страница на „црвено-црните“.

Одбраната потфрли на последниот меч против Кристијанштад, на кој голманите на Вардар примија вкупно 36 гола, но Абутовиќ очекува далеку подобро издание на денешниот натпревар.

vardar-17

– Сегед не игра како Кристијанштад, Швеѓаните трчаат и шутираат, па ако оди – оди. Овој пат очекувам тврд натпревар, ќе има надмудрување, многу повеќе дуели. Ќе се сретнат два исти шпански системи и тоа не може да биде лесно – истакнува Србинот.

Како изненадување на противникот од страна на „црвено-црниот“ табор е што во составот се враќаат двајцата клучни ракометари во досегашниот дел од сезоната, Арпад Штербик и Игор Карачиќ.
Штербик очигледно ја санираше хорничната повреда на тетивата на ногата, додека Карачиќ кого ова ќе му биде прв натпревар по Европското првенство, може да биде вистински џокер во составот.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top