Милан со новата синоќешна победа над Торино со право може да се надева на третото место на табелата на крајот од сезоната во Серија А лигата кое води во Лигата на шампионите.
Кога пред повеќе од 4 месеци тренерот на „росонерите“ Синиша Михајловиќ му даде шанса на 16-годишниот тинејџер Џанлуиџи Донарума сите мислеа дека е „луд“ знаејќи дека во тимот има два голмана со огромно искуство.
Сепак тој потег за кратко време се покажа како одличен, а младиот Џиџи Донарума се покажа како вистински решение меѓу стативите.
Токму наследникот на Буфон во италијанскиот фудбал е најзаслужен за победата над Торино бидејќи успеа да го сочува својот гол, бранејќи неколку тешки удари на фудбалерите на Торино.
Донарума го прослави својот 17.роденден пред три дена, а Торино е вистински подарок за него.
Gianluigi Donnarumma fantastic double save vs… by GoalsGalore
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Поврзани вести
-
Шок во Бордо: Суботиќ во бесознание, доби удар од голманот на Ст.Етјен
-
Кузмановска: Неспособната власт ги задолжи граѓаните за нови 21,1 милион евра
-
И јас трпев насилство од поранешниот партнер: Министерката си ја отвори душата!(видео)
-
Руси масовно дрифтаат во снег, ни полицијата не им може ништо (Видео)