| четврток, 6 декември 2018 |

Стрелаа руски тенк Т-90 со најмоќното американско оружје (видео)

На Јутуб се појави видео во кое сиријските бунтовници пукаат во руски тенк и тоа со американски проектил.

BGM-71 TOW е застрелниот систем, електронски наведен противтенковски проектил, со кој САД ги снабдувала сиријските бунтовници.

На видеото е прикажан напад на еден од најмодерните руски борбени тенкови.

Кога Русија за прв пат започна испорака на оружје во Сирија, во септември минатата година, имаше потврдени извештаи за постоење на Т-90 на рускиот аеродром во Латакија, но тогаш тоа го објаснуваа како потреба да се брани на аеродромот.

Сепак, испорака на Т-90, во септември минатата година, е првата испорака во војната што трае веќе пет години.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top