| четврток, 6 декември 2018 |

Спасовски, дали се ова твоите „професионалци“ во МВР?

Ако техничкиот министер Оливер Спасовски се обидува да ја оправда нелегалната смена на кадрите во полицијата, притоа не почитувајќи ги ниту стандардите ниту искуството и системот на кариера во МВР, неговите нови сопартиски кадри, јавно повикуваат на линч на неистомисленици. На пример на денот кога претседателот на Светскиот Македонски Конгрес, Тодор Петров беше кукавички претепан, самостоен инспектор од Чаир, Зоран Блажевски, наместо да ги годи сторителите, ликуваше по тепањето на Петров, со закани дека така „ќе завршите“.

fbstatus-mvr-640x302

Кадрите на Спасовски кој го партизираше основниот столб на безбедноста во државата, заби наместо кон тепачи, покажува при спроведување на пример на единствениот Македонец градоначалник во регионот вон границите на Македонија. А човек како Едмонд Темелко, со негово искуство, однесувањето на партиската полиција на Спасовски ја спореди со „грчките полицајци од минатото“.

Меѓу „професионалеците“ е и советникот на Спасовски, Тони Димитриевски, кој што постојано ги поддржува протестите против институциите, како што се оние пред Уставниот суд.

tonci ustaven (1)

Димитриевски бил главен и одговорен уредник на неделникот Старт, весник на СДСМ воден од тогашниот прв човек на скопскиот партиски огранок. Според зборовите на Димитриевски, во 2003 година работел, односно „помагаше да се направи ова што денеска е познато како“ Сектор за односи со јавност. Уште со доаѓањето на Спасовски, Димитриевски ја засили својата активна комуникација со јавноста, но само преку социјалните мрежи на кои најчесто споделува партиски ставови, шири омраза кон неистомисленици и директно повикува на насилство против медиуми кои критички се настроени кон СДСМ.

tonci 3

start 2-1

Доколку Спасовски молчи за врските со Чауш и останатите во аферите за лажните лични документи, неговиот советник Димитриевски споделува фотографии со пораки каде се воздигнува Зоран Верушевски, осомничен за случајот „Пуч“, но и човек кој е вплеткан во многу дејанија насочени кон уривање и узурпација на државата.

tonci 2 (1)

Тоа што е интересно е дека откако Спасовски влезе во МВР, контакт со јавноста се воспостави преку електронска пошта на Димитриевски, tonci2014@gmail.comОд тука не е за изненадување селективноста во комуникацијата на Министерството со медиумите.

Па технички министре за внатрешни работи Оливер Спасовски, ова ли се Вашите „професионалци“?

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top