| четврток, 6 декември 2018 |

Милан со минимална победа над Торино сеуште е во игра за ЛШ (видео)

Milan vs Torino

Екипата на Милан во рамките од 27.коло во Серија А лигата, на „Сан Сиро“ оствари минимална но многу значајна победа над Торино од 1-0.
Со новиот триумф избраниците на Синиша Михајловиќ останаа во трката за третото место на табелата, на 11 кола до крајот, кое води во квалификациите за Лигата на шампионите. Иако „росонерите“ се наоѓаат на шестата позиција со 47 освоени бода, имаат само шест бода негатива во однос на третопласираниот тим на Рома.
Милан беше подобар противник во текот на целиот натпревар ја имаше иницијативата и ја контролираше играта. Создаде неколку шанси за гол, но искористи само една и тоа во самиот финиш од првото полувреме кога при еден корнер кој го изведе Боневентура во гужвата во шеснаесетикот на Торино најдобро се снајде Антонели кој во полулежечка позиција го најде патот до мрежата на гостите.


Luca Antonelli Goal HD – Milan 1-0 Torino – 27… by Bayeo

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top