| четврток, 6 декември 2018 |

Зидан: Јас сум виновен за поразот, требаше да решение за противникот

zinedin zidan

Зинедин Зидан беше максимално разочаран по поразот на градското дерби од Атлетико Мадрид, но стратегот на Реал сепак ја презеде врз себе одговорноста за неуспехот кој уште повеќе ги оддалечи „кралевите“ од трката за титулата.

– Не знам што се случи, но не можам да бидам задоволен. Не очекував вакво дерби, мислев дека ќе одиграме на повисоко ниво против тим кој имаше напорен натпревар од ЛШ пред неколку дена. За жал, се случи спротивното, но јас сум виновен за тоа. Играчите играат, но јас сум тој што треба да најде решение за играта на противникот. Денеска не успеав, но немаме многу време за жалење бидејќи веќе в среда пред нас е нов натпревар – изјави Зидан.

Навивачите на Реал Мадрид по натпреварот бараа од претседателот Флорентино Перез да си поднесе оставка од функцијата, посочувајќи го токму првиот човек на клубот како главен виновник за кризата во таборот на „кралевите“.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top