Реал Мадрид го загуби градското дерби од Атлетико Мадрид на „Сантијаго Бернабеу“ со 0-1, а Кристијано Роналдо по натпреварот ги нападна дел од соиграчите. Тој во изјава за шпанските медиуми потенцираше дека Реал Мадрид можеби би бил и првопласиран на табелата, ако и другите фудбалери се квалитетни како него.
– Ако сите беа добри како мене, можеби ќе бевме први. Ако тимот на игра на најдобро ниво во текот на целата сезона, тогаш тешко е да се освои шампионатот. Ја сакам да играм со Карим, со Бејл, Марсело, и не велам дека другите не се доволно добри, на пример, денеска Данило беше најдобар на теренот – изјави Кристијано Роналдо.
Оваа негова изјава секако може да доведе до нови проблеми во соблекувалната на „кралевите“.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.