| четврток, 6 декември 2018 |

Темата за Уставен суд е манипулација наметната од СДСМ

zaev-verusevski-janeva-640x296

Подметнувањата кои ги прави изминативе денови за Законот за помилување се очигледни. Луѓето од СОРОС и СДСМ порано тврдеа дека ограничувањето на правото за помилување е противуставно. Но, сега манипулираат и организираат протести пред Уставниот суд против иницијативата за враќање на она за кое сметаа дека е противуставно да биде избришано од Законот за помилување.

Се работи за класично подметнување каде иницијативата на еден адвокат се поистоветува со ВМРО-ДПМНЕ. Владејачката партија, пак, беше иницијатор на измените на законот за да НЕ се помилува за изборни насилства, педофили и терористи.

СДСМ со ваквото подметнување и неискрен однос има за цел да ја држи темата актуелна и да се претстави како душегрижник.

СДСМ и опозицискиот лидер Зоран Заев сфатија дека Специјалната јавна обвинителка Катица Јанева и СЈО не успеаја да направат ништо, бидејќи за нејзините сомненија нема никакви докази и јавноста сфати дека се конструира политичка хајка. Издиша балонот кој што го пумпаа партнерите Катица и Заев. После сите деструкции, подметнувања, местенки, Чауши и фабрики, сега на ред е Уставниот суд како највисок судски орган. Но и ова нема да помине кај македонската јавност, како и сите ние постапки, пресови, лажни обвинувања, фабрикувани обвиненија, неиздржани барања за притвор за луѓе од извршната власт, како сегашни, така и претходни, како и други луѓе се со цел да се дискридитираат до максимум како лицата, така и самата партија ВМРО-ДПМНЕ.

Под закрила на Катица Јанева сега максимално се обидува да се уништи и Уставниот суд, со истите оние луѓе кои се јавуваат на сите протести како платеници на СОРОС и СДСМ, се со цел да се префрли топката кај ВМРО-ДПМНЕ.

Народот веќе прочита дека СЈО одработува политика, па затоа анкетите кои ги испитуваат јавното мислење се такви какви што се. Ова им е начин на челниците од Бихаќка сами да ја продолжат темата за изборните нерегуларности, неосновано да ја напаѓаат владејачката партија, а паралелно да отворат можност за синот на првоосомничениот во „Пуч“, Зоран Верушевски. Тој треба да одговара за дела поврзани со детска порнографија. На овој начин СДСМ  сака да даде можност и отвора пат за амнестија на синот на Верушевски, соработникот на Зоран Заев.

Во писмено соопштение ВМРО-ДПМНЕ деновиве посочи дека останува на ставот дека не треба да има помилување за овие кривични дела.

-ВМРО-ДПМНЕ е партијата која и покрај противењето на СДСМ во 2009 година ги предложи измените во Законот за помилување. Со тие измени се предвиде да не може да има помилување за одредени категории осуденици како оние на кои им одредена казна за дела поврзани со избори, педофилија и слично. ВМРО ДПМНЕ останува со ист став и денес. Секој што сторил каков било криминал, треба да одговара. Таков беше ставот и кога обвинетиот криминалец Зоран Заев беше аболициран од страна на Бранко Црвенковски. СДСМ денес во препознатлив стил се обиде да ја манипулира јавноста и да лаже дека ВМРО ДПМНЕ стоело зад одлуката на Уставен суд. Затоа ВМРО ДПМНЕ отворено се сомнева дека токму СДСМ има најголем интерес за една ваква одлука, стои во сопштението од ВМРО-ДПМНЕ.

И Владата предводена од ВМРО-ДПМНЕ дала негативно мислење на ваквата иницијатива поднесена до Уставниот суд.

 

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top